Полските архитекти PL.architekci реновирале едно поткровје со цел тоа да биде нивниот канцелариски простор во старото ткиво на градот Познан. Овој проект не е само преобмислување на запуштено место, туку станало бизнис карта за самите вработени.
Еден просечен, тесен и темен таван одендаш се претворил во динамичен осветлен простор кој ја поттикнува креативноста. Нивната цел била да создадат најоригинална конструкција без ништо да биде скриено, така што на тој начин посетителите лично ќе се запознаат со стилот што ја карактеризира работата на тројцата архитекти.
Тие додале 17 нови прозорци на покривот, за да се добие подобо осветлување и енергетска ефикасност. Меѓутоа, ова не е направено само за осветлување, туку и за поврзување со надворешноста и опкружувањето, така што поткровјето станува продолжение на она што се случува во околината.
Двовисинскиот стрмен покрив овозможило да се создаде мезанин додавјќи дури уште соби на катот. Дрвото и ѕидовите од цигла се откриени сакајќи да ги покажат во нивниот полн сјај.
Овој проект е пример за тоа како да се има визија за место кое е запуштено и во лоша состојба, односно да се препознаат неговите квалитети за да може да се добие нов, убаво осветлен простор кој ќе претставува ново креативно тло.