Насловна / Архитектура / Претставување на познатиот SymbioCity пристап кон одржливиот урбан развој

Претставување на познатиот SymbioCity пристап кон одржливиот урбан развој

 

ola_ericson-hammarby_sjöstad-146

SymbioCity logo

Амбасадата на Шведска утре, среда 6 април, организира работилница на која ќе го претстави познатиот SymbioCity пристап – интегриран и сеопфатен пристап кон одржливиот урбан развој базиран на големото искуство од Шведска и земјите во развој. Работилницата ќе се одржи со почеток од 10 часот во просториите на Јавна Соба на ул. „50 Дивизија“ бр. 22.

За што станува збор? Во суштината на SymbioCity пристапот е концептуален модел на урбаната одржливост. Овој модел ги става здравјето, комфорот, безбедноста и квалитетот на животот во основата на урбаниот развој базиран со човечка мерка.

Градовите се комплексни и динамични системи, што условува оценката на урбаната одржливост и урбанистичкото планирање да бидат реализирани низ пристап кој е интегриран, многустран, повеќефункционален и кој ги вклучува сите учесници во процесот. SymbioCity пристапот во себе ги интегрира просторниот, социо-културниот, економскиот аспект на градовите, животната средина, урбаните системи и институционалната димензија на начин низ кој тие заемно се надополнуваат, односно тие се во синергија.

Стручни лица од општините Велес, Куманово, Чаир и Илинден се обучени за следење и практично спроведување на овој концепт во нивната работа, преку обука обезбедена од владата на Шведска. Овие претставници ќе ја презентираат нивната досегашна работа базирана на SymbioCity пристапот.

Работилницата ќе ја отвори Н.Е. Матс Стафансон, амбасадор на Шведска во Македонија, ќе земат учество деканот на Факултетот за архитектура проф. Минас Бакалчев, градоначалникот на Велес Славко Чадиев, националниот фацилитатор за SymbioCity пристапот во Македонија, проф. Огнен Марина, а ќе бидат претставени и примери на теориски и практични примени на овој пристап во општините Велес и Куманово.

 

Испрати коментар

Scroll To Top