Акустиката на концертните сали првенствено зависи од архитектурата и обликувањето на ентериерите, како и од применатa на соодветни материјали за ваков тип на објекти.
Концертната сала може да се гледа како голема резонантна кутија, на која архитектот е еден вид на градител на големиот инструмент.
Акустиката на концертната сала се доживува сосема субјективно, но постојат и акустични мерења со инструменти и компјутерски симулации. Димензиите на салата, формата и применетите материјали, ќе го одредат односот на сите компоненти на звукот, кој потоа секој слушател ќе го доживувee на свој начин.
На 17 мај оваа година компанијата Кнауф покани архитекти и изведувачи во новата зграда на Македонската филхармонија, каде беше претставено како и со кои материјали се изведувале малата и големата концертна сала, како и останатите пратечки простории на овој објект. По прошетка низ објектот во малата сала за изведбата и вградените материјали зборуваа претставници на Кнауф, претставници на изведувачот Штрабаг, како и проектантите на акустиката Миомир Мијиќ, професор на Електротехничкиот факултет при Универзитетот во Белград и на ентериерот Александар Докмановиќ од фирмата Mezosystem.
По коктелот кој беше направен во холот на филхармонијата за гостите како и за редовните посетители под диригентската палка на маестро Јерухам Шаровски од Аргентина и Нинг Фенг еден од водечките виолинисти на Кина, со оркестарот на Македонската филхармонија беа изведени делата: Шпанска симфонија за виолина и оркестар d-moll.op 21 и Симфонијата број 1 c-moll op.68.
Ангел Ситновски. дипл. инж. арх.