Новиот модел на „ролс-ројс“ – „cullinan“, наречен според небрусениот дијамант со тоа име, во понудата ќе се најде од 2018 година, а се работи за најскапиот теренец во сериско производство во светот.
Компанијата „Ролс-Ројс“ веќе ја потврди оваа информација. Објавените фотографии на возилото означуваат почеток на неговото тест возење кое веќе започна на 2 декември во Велика Британија. Се претпоставува дека цената на возилото ќе биде околу 350.000 евра.
Автомобилот ќе биде директен ривал на „Бентлиевиот“ теренец, кој излезе на пазарот токму во 2016 година.