Насловна / Арт и дизајн / Претставени идејните решенија за првите 16 метро станици во Белград

Претставени идејните решенија за првите 16 метро станици во Белград

Официјално се претставени на јавноста идејните решенија за првите 16 станици на белградското метро. Тие се дело на архитектонското студио OBE, избрана преку конкурс чија главна цел била да се избере најквалитетно идејно решение со автентичен стил и дизајн, не само во однос на метро станиците туку и за брендирање ан целокупната прва линија на метрото. Линијата 1 на потегот Макиш – Миријево, ќе биде долга 21,1 километар со вкупно 21 станица. Линијата 2 же биде на потегот Земун – Миријево, со вкупна должина од 21,1 километар и 23 станици. Француската компанија Egis работи на проектирањето ан втората линија и идејно решение за третата линија на потегот Бањица – Бежанија, со должина од 24 километри и 23 станици. Се очекува првата линија на белградското метро да биде завршена до 2028 година, а втората до 2030 година.

bgmetro1

bgmetro2

bgmetro4

bgmetro5

bgmetro6

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top