Претставена петгодишна стратегија за климатски промени на Град Скопје. Документот треба да помогне во справување со климатските промени, да ја зајакне урбаната отпорност.
Намалување на ризиците во домувањето, здравството, туризмот, транспортот се неколку од секторите во кои што ќе бидат преземени мерки со цел ублажување на влијанието на климатските прмени. Ова го предвидува новата петгодишна стратегија за климатските промени насловена „Отпорно Скопје“. Се предвидува формирање на зелен катастар.
Скопје е единствена метропола во регионот која презема водечка улога на ова поле, ние го охрабруваме да се спроведат новите мерките, вели Луиза Витон од програмата за развој на ОН.
Во Стратегијата се опфатени акциите за намалување на причините за климатските промени, базирани на изработениот Инвентар на стакленички гасови за 2008 и за 2012 година, пресметани за трите главни сектори: снабдување со енергија, згради и транспорт. Притоа, земени се предвид веќе преземените активности од Градот Скопје во различни области: енергетската ефикасност, јавниот транспорт, подобрувањето на условите за одвивање на сообраќајот, развивањето на алтернативниот сообраќај, заштитата на воздухот и на водите, комуналните услуги, јавното зеленило, заштитата на здравјето на луѓето, помошта за ранливите групи и лицата со посебни потреби и др. Акцискиот план на Стратегијата предвидува голем број активности во сите области, при што, највисок приоритет имаат превенцијата и заштитата од поплави и зелената инфраструктура.
Исто така, воспоставување и унапредување на системот за предупредување; информирање и подигање на свеста, како и други институционални и организациски мерки, Урбанистичко планирање заради заштита од поплави, Заштеда на чиста вода за пиење, реупотреба, одведување на отпадни и атмосферски води, Формирање и рехабилитација на јавните зелени простори“
И граѓаните согласни дека свесноста е клучен фактор. Според податоците во стратегијата, доколку не се преземе ништо во наредните години, емисиите на стакленички гасови ќе се зголемат за 25% во 2020 година.