Кина неодамна ја претстави најголемата мобилна дигалка на светот со номинален капацитет од 4.000 тони, поставувајќи нов рекорд во подигањето ан товар во ветерниот парк во Хенгшуи. Дигалката позната под името XCA4000, е производ на компанијата XCMG. Во техничката спецификација на импресивната дигалка стои дека може да подигне товар од 230 тони на височина од 170 метри.
Покрај импресивната носивост, дигалката се истакнува и со софистицирани технолошки решенија, вклучувајќи и повеќе сензори соодветно распоредени кои реално детектираат и елиминираат евентуални опасности.