Bigge Crane and Rigging Company ја претстави првата целосно електрична дигалка во Калифорнија, која отвора ново поглавје во градежната индустрија. Оваа иновативна дигалка, модел Liebherr, има потенцијал за сериозна заштеда на гориво и емисии на стакленички гасови. Цената на оваа дигалка е повисока од класичните, но догорочните заштеди на гориви и позитивното влијание врз животната средина го оправдуваат дополнителниот трошок. Според податоците на Обединетите Нациии, градежната индустрија сериозно придонесува за емисиите на стакленички гасови на глобално ниво. Затоа, преминот на електрични машини претставува значаен чекор.
Од компанијата велат дека не планираат да застанат на овој еден модел на електрична дигалка. Вложуваат и во електрични камиони и соларни панели и нагласуваат дека не сакаат ова да биде еднократно, туку сеопфатно решение.