Компанијата од Тунис Saphon Energy изгради ветротурбина без лопатки која е многу поефикасна од традиционалните концепти. Притоа, компанијата тврди дека турбината произведува двојно повеќе енергија со значително пониски трошоци. Новата турбина е наречена „Spahonian“. Конструирана е така што еден диск е поставен на столбот како јарбол, и има задача да ја „собира“ кинетичката енергија од ветерот и да ја конвертира.
Познато е дека сегашните турбини можат да искористат максимум 59% од енергијата на ветерот, а туниската компанија тврди дека новата турбина е во состојба да ползува дури 80% од енергијата. Иако е скоро основана компанијата Saphon Energy за ова свое решение ја доби наградата за иновација „Gulfstream Navigator Award 2015“, а во редот на нејзините финансиери се вбројува и Microsoft. Се чини дека ова решение би можело да има примена во земјите во развој за инсталации со мала моќност, односно обезбедување на електрична енергија за местата кои не се поврзани со електричната мрежа.