Истражувачите од Универзитетот во Мејн, направиле 3D печатена куќа од природни материјали. Намерата била да се создаде одржлива куќа која на крајот на својот животен век може да се рециклира. Куќата има 55m2 и направена е од био смола и отпад, односно струготини од дрво. Предизвикот во овој случај претставува фактот дека долговечноста на користените материјали треба сериозно да се испита.
За изградбата на куќи со помош на 3D печатење, обично се користат материјали со висока емисија на јаглерод, како што е бетонот. Затоа, оваа идеја е навистина иновативна и одржлива. Кога станува збор за заштита на животната средина, ова е далеку подобро решение. Проектот наречен BioHome3D е всушност бунгалов со закривен таван, една спална и бања. Составен е од четири модули кои се монтираат за половина ден на лице место, додека за поставување на инсталациите се потребни два часа. Извршниот директор на универзитетскиот Центар за напредни конструкции и композити, истакнува дека во нивниот регион се наоѓа 1,2 милиони тони дрвен отпад кој би можело да се употреби за печатење на куќи. Многу компании денес тестираат различните производи со идеја градежната индустрија да стане „позелена“.