Насловна / Архитектура / Претставен проектот за новата зграда на Volvo

Претставен проектот за новата зграда на Volvo

Данската архитектонска фирма Henning Larsen Architects неодамна го претстави проектот на зградата од масивно дрво наречена World of Volvo, која ќе биде изградена во шведскиот град Гетеборг за да го промовира познатиот производител на автомобили.

volvo

Проектот за зградата од 22 илјади квадратни метри има за цел да ги комбинира традиционалната изработка на скандинавскиот дизајн и дрвените структури со, како што истакнуваат авторите, „модерен пристап“ кон архитектурата.

volvo1

“Архитектурата моментално е во средината на ренесансата на дрвото, со нови пресвртници во дрвените конструкции кои се менуваат со вртоглаво темпо. Светот на Volvo беше возбудлива можност да се поместат границите и се надеваме дека може да постави нови стандарди за начините на кои го користиме целото дрво во архитектурата“, изјави за Dezeen Филип Францати, главен архитект во Henning Larsen Architects.

Новопроектираниот објект ќе се користи за да ги собере сите брендови на Volvo под еден покрив, вклучувајќи ги Volvo Group и Volvo Cars, за да ги спои историјата, традицијата и иднината на познатата шведска компанија.

Во зградата на „World of Volvo“ ќе има изложбен простор и ресторан, како и сали за конференции и состаноци.

volvo2

Според претставениот проект, надворешноста и внатрешноста на зградата ќе бидат поделени со заоблени стаклени панели кои ја опкружуваат целата зграда.

Се гледа дека внатрешноста на објектот е организирана околу три кружни затворени форми, налик на дрвја, во кои ќе бидат сместени мали изложбени простори и сервисни простории.

Овие простори ќе бидат опкружени со столбови кои се протегаат понатаму низ таванот, наликувајќи на гранки од дрвја. Структурните столбови и греди ќе бидат изработени од ламинирано дрво, кое ќе се спојува со лепак отпорен на влага.

volvo3

Внатре ќе има масивни скали кои ќе ги поврзуваат нивоата на зградата, но и ќе послужат како дополнителен изложбен простор.

Пејзажот околу World of Volvo ќе биде исполнет со автохтони растенија и цвеќиња, засадени меѓу кривулести патеки и постепено организирани асфалтирани површини.

volvo4

“Нашиот пристап го носи оригиналниот дел од шведската природа во центарот на Гетеборг. Пејзажот направен со употреба на шведски камен и садење борови, мов и грмушки од шведските шуми ја прави природата што го опкружува World of Volvo“, рече Соња Стокмар, директорка за пејзажна архитектура во Henning Larsen Architects.

Изградбата на World of Volvo се очекува да заврши до крајот на 2023 година, а јавниот центар ќе биде отворен во 2024 година.

volvo5

Испрати коментар

Scroll To Top