Неодамна во Риека е претставен проектот за изградба на новиот стадион на фудбалскиот клуб Риека. Дело е на риечкиот архитект Здјелар и веќе етаблираниот италијански архитект Zavanella кој го проектирал стадионот на Јувентус.
Претставувањето на овој проект се случи пред 10.000 луѓе, што претставува најмасовен настан од ваков вид во Хрватска. Во моментот откако проектирањето е завршено се чека на добивање на потребните дозволи по што ќе се започне со градба.
Финанскиската конструкција е веќе обезбедена. Изградбата е предвидено да трае две години, односно новиот стадион ќе биде готов до почетокот на 2018 година.
Стадион на ХНК Ријека (25 милиони евра)
– вкупна површина затворен простор – 20.000 m2
– вкупен капацитет на стадионот – 14.000 седишта
– распон на конзолата на покривот – 32 m
– вид на трева на главниот терен – хибридна
– дополнителни содржини – хотел, ресторани и шопинг центар
Последен стадион во Хрватска е изграден во 1978 година, односно познатиот Пољуд во Сплит.