Лондонското претпријатие задолжено за транспортот во градот, Transport for London (TfL), заедно со дизајнерската компанија за транспортни возила PriestmanGoode, го претставија новиот концепт на возови за познатото метро London Underground. Возовите, заедно со промена на платформите на станиците, се планира да бидат пуштени за првпат во употреба од 2020 година. Се работи за модернизирање на целиот систем којшто треба да одговори на сè поголемиот број жители во Лондон, а со тоа и патници, како и модерното време на паметни технологии. Возовите ќе бидат направени на таков начин што веќе вагоните нема да бидат издвоени, односно патниците ќе можат слободно да се движат низ целиот воз без потреба од поминување низ врати. Тие исто така ќе бидат направени од нови материјали кои овозможуваат помала тежина, а подобра заштита и перформанси. На почетокот возовите ќе бидат управувани од возач, меѓутоа тие се направени со можност за целосно автоматско управување.
Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Претставен нов дизајн за возовите во лондонското метро