Шведската компанија за енергетика Ripasso го искористи интензивното сонце во Јужна Африка за да го тестира својот нов концепт на соларен систем, кој претставува комбинација од воена технологија и идеја на шкотски инженер од 19 век. Новиот соларен систем е лоциран во јужноафриканската пустина Калахари и е најефикасниот соларен систем којшто постои во светот денес. Системот може да конвертира дури 34 проценти од сончевата енергија директно во електрична енергија, што претставува двојно повеќе од останатите соларни системи. Тој е составен од 92 метри квадратни сад кој ротира според сончевата светлина, со цел да апсорбира што е можно повеќе сончева енергија.