На денот на раѓањето на на еден од најголемите српски и светски умови во негова чест на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ е претставен муралот од 16.000 триаголници. Толку триаголници се вградени во муралот кој на прв поглед личи на збир од разнобојни триаголници. Но ако малку подобро се загледате ќе видите добро познато лице. Заслугата за овој впечатчив детал кој ќе го привлекува вниманието на патниците е на младата архитектка магистерот Нина Тадосављевиќ.
Изработката на муралот, работен со акрилни спрејови, траеше една недела, а само ликот на Никола Тесла е направен од 9.000 триаголници во 34 различни тонови. Секој триаголник има посебен тон, за да се создаде тродимензионална слика.
Муралот „Инспирација од ликот на Никола Тесла“ кој се наоѓа во јавната зона на Терминалот 2, има за цел промоција на уметноста со идеја да се обезбеди иновативен, урбан и атрактивен идентитет на аеродромот, да се истакне ликот на светскиот научник и да се даде поддршка на талентираните и креативни уметници
.