Насловна / Вести / Претставен клима уред со нула трошоци за енергија

Претставен клима уред со нула трошоци за енергија

maxres

Кинеската компанија за производство на апарати за домаќинство Gree  на бразилскиот пазар го претстави најновиот клима уред кој, замислете, работи без оперативни трошоци односно трошоци за енергија. Производот, под името VRF фотоволтаична единица, е совршена комбинација на фотоволтаичен генератор и апарат за домаќинство: тоа не е само уред за климатизација, туку и генератор кој може да произведува електрична енергија за сите апарати за домаќинство. maxres (2)

Производот, исто така, има пет различни режими на работа, така што уредот може да ја напојува и националната електрична мрежа. „Бразилската влада и народ посветуваат големо внимание на заштитата на животната средина, но сè уште им недостасува фотоволтаичната технологија на полето на климатизацијата“, изјави Dong Mingzhu, претседател на компанијата Gree.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top