Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Претставен финалниот прототип на автономното возило на Google

Претставен финалниот прототип на автономното возило на Google

o-DRIVERLESS-CAR-facebook
Google го претстави прототипот на своето автономно возило, односно возило без возач. Финалната верзија е со минимални промени од моделот што компанијата го претстави во мај, но Google сега сака да ги искористи празниците за да го тестира возилото. Во компанијата се оптимисти дека од следната година возилото ќе се најде и на улиците во Северна Калифорнија.

Интересно, помеѓу првите што имаа можност да го тестираат возилото е Метју Инман од Oatmeal, кој е импресиониран од возилото. По се изгледа Метју Инман, кој е фан и на електричниот автомобил Tesla Model S, е избран за оваа улога заради можноста да го пренесе својот глас до милиони луѓе кои можеби и се сомневаат во можностите на Google автономниот автомобил, а секако и за популаризација на автономните возила.

Испрати коментар

Scroll To Top