По завршувањето на преговорите за климата во Париз, група невладини организации во склоп на програмата SEE SEP (South East Europe Sustainable Energy Policy) го претстави својот енергетски модел за Југоисточна Европа до 2050 година, меѓудругото и во форма на интернет видео игра која се очекува да биде поприфатлива за младите. Овие организации тврдат дека земјите од Југоисточна Европа можат да имаат почист и поефикасен енергетски систем. Моделот е всушност резултат на работењето на тимот од регионални невладини организации во соработка со меѓународни стручњаци.
Моделот достапен на интернет преку видео игра нуди можност секој да креира сценарио за енергетската иднина на одредена земја и да ги види ефектите од истото. Понудени се мноштво сценарија – од продлжување на екплоатацијата на јагленот во регионот со истата динамика како и досега, до сценарија со обновливи извори компатибилни со ЕУ целите. Последниве демонстрираат дека е технички изводливо и економски достапно. “Со цел вистинско намалување на емисиите на стакленички гасови, нужно е јавност но и креаторите на политики да бидат запознаени дека енергетската иднина која ќе се потпира на нискојаглеродни технологии односно обновливи извори е навистина технички изводлива и економски физибилна. Токму во тоа е главниот придонес на овој модел“, истакнуваат претставниците на SEE Net – Ана Ранковиќ и Наида Тасо.
Обидете се да креирата сопствено сценарио преку видео играта на следниот линк http://www.see2050energymodel.net/