Насловна / Вести / Претседателските кандитати во Хрватска под притисок од „зелените“

Претседателските кандитати во Хрватска под притисок од „зелените“

IMG_5040

Активистите на Zelena akcija во Хрватска, упатија повик до претседателските кандидати за јавен отчет во врска со планираното истражување и можната експлоатација на нафта на Јадранот. Преку пет конкретни прашања „зелените“ инсистираат на ставовите на кандидатите пред вториот круг на претседателските избори закажан за 11.01.2015, за темата што предизвика сериозно бранување и во стручната и во пошироката јавност во оваа земја.

zelena-akcija-nafta02

Притоа, се предупредува на фактот што Хрватска нема основен документ за стопанисување и заштита на Јадранот, односно Стратегија за управување со морето и крајбрежјето, што зборува за неподготвеноста за изведување на планираните ризични активности.

Кандидатите Иво Јосиповќ и Колинда Грабар-Китаровиќ се повикани сами да ја известат јавноста по наведените прашања.

 

Испрати коментар

Scroll To Top