Насловна / Вести / Претседателскиот автомобил на Бајден: Бункер на четири тркала

Претседателскиот автомобил на Бајден: Бункер на четири тркала

Претседателскиот автомобил Cadillac One, кој уште го нарекуваат и „Ѕвер“, според своите карактеристики претставува некој вид бункер на четири тркала. Автомобилот е отпорен на евентуален биохемиски напад, оган и мини, благодарение на блиндираниот оклоп со дебелина од 13 сантиметри. Тежок е осум и пол тони, и направен е така што не може да се преврти во случај на судар.

beast1

beast2

 

Cadillac One е опремен со специјален систем за ноќно возење кој овозможува безбедно движење со изгаснати фарови, во „полна“ брзина, и во целосен мрак. Пневматиците се направени од специјален материјал, па доколку се оштетат, автомобилот сепак може да продолжи да вози. Стаклата на автомобилот се составени од пет слоја, со вкупна дебелина  од 13 сантиметри. Прозорците не е можно да се отворат.

beast3

beast4

 

Претседателскиот автомобил има турбо дизел мотор од 6.600 кубика, но поради својата огромна маса, неговата брзина е лимитирана до 100 километри на час. Опремен е со врвен електронски ситем и сателитски телефон. Овој претседателски автомобил е доставен на американската тајна служба во 2018 година, во време додека Трамп беше претседател.

Испрати коментар

Scroll To Top