Виетнамското биро MM Architects, направи надоградба на објект во артдеко стил, претворајќи го во модерна зелена вила опкружена со голем двор и базен.
Минималистичкиот ентериер на целиот проект одлично се надополнува со два зелени ѕида, кои го поврзуваат објектот со природата. Архитектите при реновирањето ги отстраниле сите декоративни елементи на фасадите и вметнале растителни зелени ѕидови. Новиот дизајн вклучува две вертикални градини на предниот и задниот дел од куќата, кои осигуруваат висока приватност на куќата претопувајќи ја во nbso природното опкружување.
На тој начин е создаден удобен амбиент кој е во корелација со тропската клима.
Големите стаклени лизгачки врати овозможуваат продор на доволно светлина и природна вентилација во дневниот престој. Овој луксузен зелен дом е најава на нов тип на градби во Виетнам.