Насловна / Екологија / Пресврт во E.On – од противник до најголем поборник за обновливи извори на енергија

Пресврт во E.On – од противник до најголем поборник за обновливи извори на енергија

bwea31-comp_2
Најголемиот германски енергетски концерн Е.Он има намера во иднина да произведува еко-струја. Тоа не го прави за да ја заштити климата, туку за да преживее, оценува Хенрик Беме. Непосредно пред почетокот на овогодишната Светска конференција за климата во Лима, најголемиот германски енергетски концерн најави збогување од атомската енергија и термоенергијата.

Она што ги натера шефовите на концернот на ваква одлука, сигурно не беше загриженоста за светската клима, туку големите долгови на компанијата. Долговите се од времето кога овој енергетски џин беше толку  богат што се расфрлаше со пари околу себе и купуваше ширум светот. Тогаш во Е.Он не се грижеа за иднината. Од раскошното седиште на концернот во Диселдорф им се потсмеваа на проблемите на производителите на постројки за производство на струја од ветер или соларна енергија. Сопствените електрани, пред сè нуклеарките, произведуваа сигурна енергија и носеа огромен профит. Тогаш, во 2011 година, се случи катастрофата во Фукушима. Германската влада донесе одлука за напуштање на атомската енергија.

Беше роден енергетскиот пресврт и оттогаш светот се прашува – дали една од најголемите економии на светот ќе успее во догледно време да произведува енергија само од ветер, сонце и вода, без јаглен и нуклеарни централи? Е.Он, на пример, во изминатите осум години инвестираше околу десет милијарди евра во обновливи енергии. Сега концернот, како што се вели, треба да стане предводник во еколошкото производство на струја.

Испрати коментар

Scroll To Top