Насловна / Вести / Преставен нов софтвер кој ја предвидува јаглеродната интензивност

Преставен нов софтвер кој ја предвидува јаглеродната интензивност

Britanija-dekarboniziranje na energijata

Операторот на преносниот систем во велика Бријанија,  National Grid  објави дека летово оваа држава произвела вкупно 52% енергија од нискојаглеродни извори. За споредба, пред четири години во истиот период, овој проецнт бил 35%. Компанијата го претстави новиот софтвер кој ја предвидува енергетската интензивност два дена однапред. Софтверот ги комбинира сознанијата на National Grid за британскиот енергетски систем со податоците за временската прогноза, со цел да го предвиди уделот на обновливите извори, кој ќе биде на мрежа во наредните 48 часа, и според тоа да ги пресмета емисиите на јаглероден диоксид.

Britanija-softver-za-potrosuvacka-energija

Софтверот кој е изработен во соработка со универзитетот во Шефилд, ќе биде достапен и з атехнолошките компании. Тоа воедно ќе биде и промоција на соларната енергија и обид за балансирање на системот во кој има доста фотоволтаици кои потешко се управуваат.  National Grid ги повикува своите клиенти од индустријата, комерцијалниот и јавниот сектор да учествуваат во услугата Demand Turn-Up (DTU), преку која им се плаќа на компаниите за да ја адаптираат својата потрошувачка во периодите кога има високо производство на енергија од сонце и ветер.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top