Во реконструираниот објект во германскиот град Десау, можете да го осетите ненадминатиот дух на Баухаус, благодарение на оригиналната организација на просторот, материјалите и намештајот.
Отворен во 1926 година овој прочуен Баухаус објект, кој се вика Prellerhaus познат е по тоа што во неговите 28 соби со површина од 20 квадратни метри живееле некои од најдобрите студенти, а подоцна познати уметници и архитекти, како што се Јозеф Албер, Херберт Бајер, Марсел Бројер, Ени Алберс и Бертранд Голдберг.
Прочуената зграда во германскиот град Десау била една од објектите на Баухаус во кој се негувал холистички поглед на нов, современ живот, каде архитектурата, ликовната уметност, графичкиот дизајн, како и дизајнот на мебелот не се одвоене едни од други, туку тие се гледаат како една целина.
Со спојување на уметноста и занаетот, Баухаус успеал да креира нова естетика која е актуелна и денес. Парчињата мебел кои можат да се видат во реконструираните соби на Prellerhaus, неретко и денес се дел од ентериерите на модерни домови и деловни простори.
Едно такво парче мебел е и столицата од колекцијата на Михаил Тонет од 19 век, каде за изработка се користени цевасти профили, кои потоа станале омилен материјал на архитектите на Бухаус.
Секоја соба на некогашните студенти имала кревет, шифоњер, мијалник, работна маса и неколку парчиња столица S43 за чив дизајн е заслужен Март Стам.
Во реконструираната соба во која преовладува автентичниот дух на Баухаус, можете да преспиете по цена од 35 евра за ноќ. Ова доживување секако дека е нокј вид аџилак за секој архитект, дизајнер или уметник кој е вљубеник во оваа творечка епоха. За резервација за сместување кликнете овде.