Насловна / Архитектура / Пресечни обоени блокови „ја слават креативноста“ во училиште во Кина

Пресечни обоени блокови „ја слават креативноста“ во училиште во Кина

Светло обоени волумени и огромните облини создаваат разиграна атмосфера во училиштето Haikou Jiangdong Huandao Experimental School, кое бирото Trace Architecture Office го додаде на кинескиот остров Hainan.

3 (1)

Проектирано како дел од поширок развој заедно со градинка и сместување за ученици, средното училиште е создадено за да поттикне повлекување од традиционалните форми на образование, со уникатни форми кои додаваат чувство на креативност во кампусот.

2 (1)

„Нашата цел беше да создадеме средина која ја негува и слави креативноста и интеракцијата, а не културите на учење ориентирани кон испрашување“, велат од бирот за Dezeen.

„Создадените простори поттикнуваат имагинација и изненадување, наместо едноставно да се следат правилата и прописите“.

4 (1)

Училиштето се наоѓа на разигран терен во пад во крајбрежниот град Haikou и се состои од низа закривени волумени и праволини форми кои се вкрстуваат под бетонски кров.

Со цел да се создадат простори кои ја стимулираат креативноста, бирото Trace Architecture Office со седиште во Пекинг го уреди училиштето низ простори со светли бои дизајнирани да ја одразат детската разиграност.

11

„Бојата се одвојува од белиот стандард, давајќи му карактер на просторот. Исто така, бојата има и улога на зонирање, бидејќи во таков огромен волумен е лесно да се изгубиш во чисти бел простор“, вели главниот архитект Hua Li.

Помеѓу училниците и подигнатите пешачки патеки, голем број на отворени простори засенчени од големиот покрив нудат удобни надворешни простори во суптропската клима на градот.

12

„Проектот создава многу полунадворешни простори и платформи кои активно реагираат на локалната тропска клима, обезбедувајќи сенка и заштита од интензивна топлина, како и од силен ветер и дождови“.

Внатре, пешачките патеки и рампите оградени со ѕидови завршени во живописни бои се протегаат помеѓу низа училници обоени во бело.

16

Oд другата страна на главната зграда, фискултурна сала со тројна висина е осветлена со кров со перфорирана решетка од светларници испрекинати со низа греди.

Други простори на кампусот вклучуваат кантина со двојна висина каде празнините меѓу нивоата што се вкрстуваат создаваат заоблен светларник.

8 (1)

Пешачки патеки подигнати на бели столбови се обвиткуваат околу просторијата и го поврзуваат просторот со остатокот од училиштето.

Поврзан со главната училишна зграда, студентскиот дом има сместувачки единици обвиткани околу светол двор кој се простира низ неколку закривени слоеви.

17

Дополнителни полуотворени простори се создадени помеѓу конзолни волумени и аголни столбови, за кои бирото се надева дека ќе дејствува како неформални простори за учење.

9

„Начините на кој учениците го користат кампусот не се ограничени само на користење на традиционални училници, туку и населување на недефинирани јавни простори, што придонесува во огромен дел на образованието“, вели Li и додава: „Додека учениците поминуваат години на училиште, вклучително и периодот на адолесценција, архитектурата на училиштето има долгорочно влијание врз нив. Се надеваме дека просторите ќе поттикнат имагинација и изненадување, наместо едноставно да ги следат правилата и прописите“.

5 (1) 1 (2) 14 13 15 6 (1) 7 (1)

Испрати коментар

Scroll To Top