Насловна / Вести / Преносни фотоволтаици во ролни

Преносни фотоволтаици во ролни

solarni kelii vo rolna1

Интересните идеи не мора секогаш да бидат револуционерни. Одличен пример за ова доаѓа од компанијата “WAACS” и се однесува на фотоволтаиците. Еден од најголемите проблеми кај искористувањето на соларната енергија за производство на електрична е токму големината и обликот на фотоволтаиците. Фотоволтаиците од компанијата “WAACS” се исклучително флексибилни и може да се завиткаат во ролни со димензии нешто поголеми од запалка.

solarni kelii vo lenti
Куќиштето на уредот е направено од рециклиран алуминиум. Свитливите соларни ќелии се поставени на лента, која се извлекува од куќиштето по потреба. Се разбира, во случајов се работи за исклучително скромна инсталирана моќност, но сосема доволна за полнење на мобилен телефон и слично.

solarni kelii vo rolna2
Идеално доколку немате пристап до електричната мрежа, но во секој случај одржлив концепт. Излезот од уредот е USB, така што без проблем може да се полнат повеќе видови гаџети.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top