Оваа оригинална преносна масичка открива двојна функција благодарение на скриената преграда дизајнирана да одржува рамнотежа меѓу деловниот и секојдневниот живот.
Тоа е преносливо биро создадено од дизајнерот Таку Јахара. Станува збор за совршено парче мебел за создавање неочекуван работен простор во дневните или спалните соби. Поточно, оваа необична масичка за кафе е идеална за сите оние кои не можат да си обезбедат мирен работен простор во мал стан или куќа.
Од друга страна, ова парче мебел им се препорачува на сите оние кои сакаат да го менуваат работното место во текот на денот. Промената на работниот простор и амбиентот дома во зависност од расположението може да помогне во работната ефикасност, но и да ја подобри концентрацијата. Дизајнирана како мобилен работен простор, оваа масичка е свесна за промената на режимот за да можете да живеете добро избалансиран живот дури и додека работите од дома.
Во почетната форма, масата изгледа како тесна дрвена кутија за складирање, а потоа нејзиниот преден дел се претвора во совршена работна површина. Одржувајќи го дизајнот на минимум, масата е сведена на наједноставна форма за да се нагласи нејзината пристапност.