Ако сте се одлучиле Нова година и Божиќ да ги поминете на отворено, оваа куќа нуди сместување за две лица или за еден Дедо Мраз со подароци.
Во соработка со данското архитектонско студио LUMO, компанијата Land Rover направила пренослива колиба во која може да спијат две возрасни лица.
Колибата со површина од 3,5 квадратни метри е изградена така што нејзините делови можат да се спакуваат во багажникот на Rover моделот Discovery Sport.
Освен колибата, предвидено е во багажникот да може да се сместат и празнична декорација, орнаменти и светлечки тела за новогодишната елка.
Колибата на Land Rover може да се состави за еден ден, а најмногу ќе им служи на авантуристите што сакаат да седнат во автомобилот и да се загубат во некоја дивина.
Колибата е дизајнирана така што во неа може да се помине ноќта на отворено, а изолацијата е таква што може да издржи студ и до -21 степен, пишува Designboom.
Пространиот Discovery Sport е совршен за овој проект. Задните седишта можат лесно да се спуштат и да овозможат повеќе простор за багаж.