Лизгачките системи ви овозможуваат потполно ново доживување на просторот, внатре и надвор. Без разлика дали е тоа шарена природа или контури на градот, големите стаклени површини ја бришат границата на надворешниот и внатрешниот простор. PremiDoor 88 е иновативен подигачко-лизгачки систем, со можност за потполно отворање и затворање, со одлични изолациски вредности и со висока архитектонска естетика.
Еден е установен тренд во архитектурата – желба за што поголеми, континуирани застаклени површини и повеќе отвореност. Меѓутоа, ваквите површини мора да ги исполнат сè построгите барања за енергетски заштеди. За да го исполниме бараното и да овозможиме големи стаклени површини, го создадовме системот PremiDoor 88 со дебелина на профилот од 88 мм, според искуството од претходниот систем PremiDoor од 70 мм. Рамката на овој лизгачки систем се карактеризира со масивен профил со длабочина на вградување од 88 мм, односно вкупно 21 см, што обезбедува висока стабилност и одлични изолациски вредности. Сето тоа со ниска видлива линија на рамката.
|
Отпорен на удари од дожд, ветер и надорешна бучава, PremiDoor 88 е нова генерација на подигачко-лизгачки системи. Системот е базиран на новата технологија на дихтување, со нови материјали со посебни карактеристики, за да овозможи подобрено дихтување. Во директна споредба на можностите за топлинска изолација, новиот систем е за 32% подобар од претходната генерација, а и повеќе во споредба со конвенционалните системи. Предностите на последната генерација прозорски ситеми 88+ се искористени за развој на овој нов лизгачки систем. Развиен е потполно нов WPC праг кој дава клучен придонес за извонредни изолациски својства на целиот систем.
|
Веќе подолг период се развиваат системи на ПВЦ профили за прозорци и врати базирани на калциум цинк како стабилизатор, наместо тешките метали како што е олово. И PremiDoor 88 е базиран на калциум цинк „greenline“ стабилизатор. Овој пристап овозможува компатибилност со животната средина и одржливост, бидејќи ваков систем може во целост да се рециклира, што е уште една од важните цели кои ги исполнува PremiDoor 88.
|
Friedrich E.v. Garnier е филозоф на боите и основач на органската палета на бои. Неговата теорија е основа за колекцијата бои v. Garnier која може да ви ја пружи PremiDoor 88. Покрај колекцијата v. Garnier, PremiDoor 88 може да се усогласи со речиси сите изведби на фасади на објектите, без разлика дали се работи за класична бела боја на рамката, чисти бои, структурални дрво декори или алуминиумски надворешни облоги во РАЛ тонови.