Насловна / Вести / Прекугранична соработка за повисока енергетска ефикасност

Прекугранична соработка за повисока енергетска ефикасност

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Македонските општини Велес и Прилеп и грчките Лерин, Ираклија и Визалтија преку проект за прекугранична соработка во износ од 760 илјади евра ќе спроведуваат проекти за енергетска ефикасност. Градоначалниците на сите пет општини на средбата во Велес разменуваа искуства за проектот кој, како што велат, е од огромно значење за заштеда на буџетски средства.

„Општина Велес од проектот за прекугранична соработка наменет за енергетска ефикасност ќе добие над сто илјади евра со што ќе бидат поставени термофасади на петте градинки во Велес. Воедно од општинскиот буџет ќе бидат издвоени и дополнително уште дваесет и две илјади евра за оваа намена“, изјави градоначалникот на општина Велес Славчо Чадиев.

Во Прилеп преоектот за енергетска ефикасност ќе се реализира преку реновирање на Средното економско училиште „Кузман Јосифовски Питу“. Со парите од проектот ќе се заменат прозорците, ќе се постави нов покрив со изолација, а училишната зграда ќе добие и нова термоизолациска фасада.

Градоначалникот на Ираклија, Клеанизис потенцира дека преку проектот за енергетска ефикасност се градат и врски за подобра соработка и пријателство помеѓу народите на двете земји. „Со овој проект за енергетска ефикасност се придонесува и за поголема заштита на животната средина во двете земји, што е посебно значајно“, потенцира Клеанизис.

Освен план за одржлива енергија, во секоја од петте општини во Македонија и Грција ќе се отворат и канцеларии за енергетска ефикасност наменети за подобро информирање на граѓаните за енергетската ефикасност. Средбата во Велес е втора, а првата се одржа во Лерин, Грција.

 

Испрати коментар

Scroll To Top