Насловна / Вести / Преку лотарија до победник на аукцијата за ветерни електрани во Германија

Преку лотарија до победник на аукцијата за ветерни електрани во Германија

Со оглед дека повеќе учесници на аукцијата за три локации за офшор ветерни електрани во Германија, дале понуди во кои навеле дека не бараат никаква државна поддршка, регулационото тело морало да ги избере победниците по пат на лотарија. Највеќе среќа имале RWE Renewables и EDF. Генералниот директор на организацијата WindEurope, вели дека пристапот би морало да се промени. Дали проектите за офшор ветерни електрани се на пат да станат профитабилни без субвенции? Во својата последна рунда аукции, Германија ги додели правата за инсталирање на 958 MW на три локации, без државни субвенции, со исклучок на бесплатното поврзување на мрежа.  Повеќе учесници не барале никакви повластици, што ги довело сите во изедначена позиција. Со оглед на ваквата изедначеност, Сојузната агенција за мрежа (Bundesnetzagentur), според правилата на т.н централен модел на аукции, пристапила кон лотарија. Генералниот директор на организацијата WindEurope, смета дека тоа е показател дека пазарот не е функционален и дека нема ни трага од рамнотежа помеѓу понудата и побарувачката. Тоа било прв пат Германија да го примени централниот модел во аукцијата за ветерни електрани. Последните аукции се закомплицирани од фактот дека првобитните инвеститори во два од трите понудени проекти имаат право да се вклучат на сметка на своите трошоци од времето на раното планирање. Имено, прописите се промениле од 2017 година со воведување на аукцискиот систем, и на крајот е решено дека тие компании ќе можат да се определат до 2-ри ноември да учествуваат во проектите, но под истите услови како и добитниците.

lotarija1

Германскиот RWE Renewables ја освоил зоната N-3.7 во Северно море, а планираната моќност е 225 MW. Истата компанија имала највеќе среќа и за полето O-1.3 во Балтичко море. Правата на таа локација ги задржал Windanker, дел од групацијата Iberdrola. EDF од Франција, ја добил зоната N-3.8 во Северното море. Планираниот капацитет е 433 MW. Права на оваа локација имаат Northland Power и RWE Renewables, а можат да ги остварат преку мешовитата компанија Nordsee Two, која била инвеститор во раната фаза. Победниците на аукцијата имаат обврска да ги инсталираат постројките до 2026 година.

lotarija2

Испрати коментар

Scroll To Top