Насловна / Вести / Преку фотозинтезата до енергија

Преку фотозинтезата до енергија

Во потрагата по нови начини на искористување на Сончевата енерегија, направен е значаен чекор напред, кога истражувачите успешно ја „разложија“ водата на водород и кислород применувајќи го механизмот на фотозинтеза кај растенијата. Како што е познато, фотосинтезата е процес кој го користат растенијата за претворање на Сончевото зрачење во енергија, при што како нуспроизвод се ослободува кислород, бидејќи во растенијата доаѓа до разложување на апсорбираната вода. Воедно, тоа е една од најважните реакции на Земјата, бидејќи е извор на речиси целиот кислород. Но, со споменатото „разложување“ на водата, настанува и водород кој има огромен потенцијал да стане „зелен“ и „неограничен“ обновлив извор.  Во најновото истражување спроведено од страна на научниците од Унивезитетот во Кембриџ, користена е полуумерена фотосинтеза со цел да се пронајдат нови начини за искористување и складирање на Сончевата енергија. Притоа, користена е вештачка светлина за претворање на водата во водород и кислород, со примена на комбинација од биолошки елементи и постројки кои ги изградил човекот. Истражувањето е опишано во научното списание Nature Energy.

photosynthesis2

photosynthesis3

 

Испрати коментар

Scroll To Top