Фејсбук ја развива својата нова алатка „Пронајде wi-fi“ („Find WiFi“), која им овозможува на корисниците да лоцираат wi-fi хотспот преку апликацијата, низ светот.
Опцијата веќе е достапна во некои држави, според соопштението од Фејсбук. Компанијата открила дека дополнителната алатка им помогнала на патувачите и луѓето што ги користат своите телефони во области со слаба мрежна покриеност.
„Каде и да сте, лесно може да ги мапирате најблиските конекции кога интернетот на вашиот телефон е слаб“, пишува во соопштението.
Опцијата може да се најде во табот „Повеќе“ (More) во Фејсбук апликацијата. Откако се селектира „Find WiFi“, корисниците ќе може да ги погледнат најблиските хотспотови.
Оваа опција е достапна од петокот.