Насловна / Вести / Преку ефикасно управување со отпадот до намалување на емисијата на стакленички гасови

Преку ефикасно управување со отпадот до намалување на емисијата на стакленички гасови

konferencija upravuvanje so otpad
Во Рим се одржа конференцијата „Од транспонирање на законодавството на ЕУ во областа на климатските промени до имплементација на мерки за намалување на емисијата на стакленички гасови – меѓусекторски аспекти“ во рамките на регионалниот проект за изработка на национални стратегии за намалување на емисијата на стакленички гасови (LOCSEE).

Во рамките на овој проект, воспоставена е Мрежа за регионална политика и онлајн соработка во областа на климатските промени, а идентификувани се и различни сектори за кои е изработена анализа за ублажување на ефектите од стакленичките гасови.

konferencija za upravuvanje so otpad1
Утврдено е дека ефикасното управување на отпадот, односно отстранувањето на дивите депонии и изградба на санитарни депонии е исто така една од мерките за намалување на емисијата на стакленички гасови. Во рамките на овие депонии треба да се изградат и центри за рециклирање и постројки за производство на биогас.

На оваа конференција учествуваа скоро сите земји од регионот: Србија, Македонија, Албанија, Хрватска, Грција, Италија, Австрија и Словенија.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top