Инспекторатот за труд по инспекциска контрола на 66 претприемачи. кои изведуваат работи во високоградбата и нискоградбатра на градилиштата во Белград, им забрани работа на шест градилишта, поднесе 21 прекршочни пријави и 22 решенија на кои им е наложено да ги отстранат неправилностите.
Најмногу неправилности се утврдени во областа на бесбедноста и здравјето при рабпота – непријавување на почетокот на работата на градилиште, вработените немаат соодветна опрема за безбедна работа, немаат обавено редовни лекарски прегледи, а на мниогу градилишта нема ни основен пакет за давање прва помош.
Во областа на работните односи најмногу пријави има поднсено поради ангажирање лица без склучен договор за работа – работа на „црно“ и неисплатени плати( доцнење со исплатата од еден до неколку месеци), а на местото од работата повеќето работодавачи немаат договор за работа на ангажираните работници.
На две градилишта се затекнати 16 бугарски и 14 кинески државјани, кои немале пријави за престој и работни дозволи, се вели во соопштението на министерството.