Позиционирана во густо изградена средина во Осака, Јапонија, извртената куќа има чудна форма на основата, која е добиена од условите што ги нуди позицијата на парцелата. Дизајнирана од јапонското студио Аlphaville, куќата постигнува динамична и рационална програма со едноставна просторна манипулација.
Опкружен со традиционално домување, објектот има три различни прекршувања на кровот, така што се овозможува осветлување во средиштето на самата куќа. Три внимателно позиционирани отвори (вратите кон дворот, кујната и тремот), служат како директна релација помеѓу имотот и неговото опкружување, ориентирани кон лицето на ентериерот под агол од 45 степени. Изборот на прекршувањата на ѕидот и фиксниот мебел овозможуваат различни просторни квалитети низ еден единствен волумен. Минувајќи низ куќата, чувството на откривање и интригирање се развива со секое менување на внатрешната перспектива.