Проектите за овие вили се направени од архитектонските студија „Демирден дизајн“ и „Чиракоглу архитекти“. Вилите се наменети за сите оние што сакаат да го доживеат полуостровот Бодрум во сите сезони и таму да се релаксираат. Комплексот се состои од пет апартмани лоцирани на 8.000 квадратни метри земјиште на јужната падина и секој од нив има своја градина со големина од 1.000 до 1.350 квадратни метри. Тие се дизајнирани во согласност со околината што ги опкружува, и го чуваат историското и културното наследство на градот Myndos старо повеќе од 4000 години.
Во внатрешноста вилите имаат камени ѕидови типични за регионот во кој се наоѓаат. Бањата е во бел мермер и мебел од дрвени елементи. Едноставно украсената бела кујна, трпезаријата и убавиот салон со поглед на морето, поврзани се со тераса, лизгачки стаклени врати кои водат до прекрасниот надворешен базен.