Архитектката Fabiola Morcillo Nunez од Чиле го користи популарниот софтвер Autodesk за цртање на поп-арт дела инспирирани од азиската култура.
AutoCAD најчесто се користи за цртање на архитектонски, граѓански, механички и слични технички проекти, додека други софтвери, како што се Illustrator или сега веќе застарениот Corel, биле резервирани за цртање на илустрации.
Сепак, човечката креативност нема граници, па така на 26-годишната Чилеанка овој популарен CAD програм и послужи како алатка за изработка на фантастични поп-арт дела.
Fabiola Morcillo Nunez е архитектка на Универзитетот во Чиле и таа повеќе од една година под името 1989 црта илустрации во AutoCAD.
Нејзините дела се инспирирани од азиската архитектура, па така настанале илустрации кои покажуваат имагинарни простори во поп-арт стил.
Нејзината прва работа е инспирирана од концептот на музејот посветен на познатиот јапонски уметник Hiroshige (1797 – 1858), што го направил славниот архитект Kengo Kuma.
На нејзините дела влијаат уметноста, историјата, архитектурата, но и секојдневниот живот, пишува ArchDaily.