Куќата во Охно, Јапонија, е проект изграден од јапонската агенција Airhouse Design Office. Барањата на клиентот се јасни, да биде на два ката, со високи таваници и отворени простори кои ќе комуницираат со градината.
И со овој проект, исполнувајќи ги барањата на клиентот, по којзнае кој пат архитектите ја потврдија естетиката и чистотата на јапонската архитектура.
Овој прекрасен дом – комбинација од дрво и бели ѕидови и тавани е обиколен со овоштарници. Дури и во самиот ентериер се појавуваат природни моменти со дрвца кои го освежуваат просторот, давајќи му природна нота.
Kakva ednostavnost , cistota.. Vistinska arhitektura i enterier za ubavo ziveenje. Zosto kaj nas nema vakvi proekti.
Објектот е супер ама не сваќам што сака да постигне авторот со дрвото во ентериерот