Се повеќе луѓе решаваат да купат постоечки објект кој потоа одлучуваат да го преуредат, или да редизајнираат постар објект кој е веќе во нивна сопственост. Причината може да биде одлична локација, финансиска заштеда или нешто трето.
Како и да е, некои од резултатите од ваквите проекти едноставно воодушевуваат. Таков пример е преуредената куќа во долината Хадсон во Њујорк, а проект на архитектите од американското студио Jeff Jordan Architects. Проектот е наречен Hillcrest House и претставува современа станбена резиденција опкружена со природата.
Објектот на кој работеле датира од средината на минатиот век, а сега се појавија во сосема нов изглед. Бидејќи се наоѓа во областа каде што Њујорчаните доаѓаат за одмор опкружена со зеленило, архитекти настојувале да ја направат природата што е можно подостапна.
Поточно, наместо старите ѕидови, направиле масивни прозорци кои се протегаат од врвот до дното на објектот, овозможувајќи голем проток на природна светлина, но исто така и спектакуларен поглед. Материјалот кој е апсолутно доминантен е целосно природен, и тоа е кедар што може да го најде во оваа вила на секој чекор. Ентериерот е уреден во минималистички стил, а доминираат земјени нијанси.