Трендот на уредување на канцеларии кои ја евоцираат домашната атмосфера сеуште е во полн замав. Бројни истражувања веќе покажале дека вработените се чувствуваат подобро во релаксирани простори, за разлика од оние традиционалните и по малку „студени“ канцелариски простории.
Со тоа начело, исто така се воделе и дизајнерите од GRT Architects, кои го претставиле проектот за преуредување на една компанија во Њујорк. Неодоливиот шарм на популарниот millennial pink се гледа и во примерот на нивниот дизајн на модерната канцеларија која освојува на прв поглед. Ходникот, купатилото и кујната се опремени со сите елементи наведени во споменатата нијанса, со додаток на зелените билки, додека просториите каде што се работи воглавно се во бели тонови. Во случај да сакате да се одморите од работа, дизајнерите осмислиле т.н. темна соба каде што може да се пие чај или кафе, да се прочита книга или дури да заспие ако време дозволува. Целиот простор, кој се наоѓа во зграда од 19 век, добива голема количина на природна светлина, со што оваа канцеларија ја прави уште попривлечно место за работа.