Train Project е одличен фотографски проект на авторот Arron Hsiao, чиј фокус се патувачките возни прозорци, односно ситуациите што се кријат зад нив.
Фотографот на тој начин ја акцентира техниката на снимањето на тела и објекти во движење, што е прилично комплексно, и сето тоа во комбинација со минливоста на времето, со односот помеѓу фотографот и личноста што е „кадрирана“…
Во оваа брилијантна серија на фотографии, ние може да ги видиме методите со кои се користат патниците за да си го „скратат“ времето на патување. Некои слушаат музика, другите читаат книги, телефонираат, итн…
Train Project е снимен во Тајван.