Овој стан на улица Prince во Сохо, Њујорк, во последно време е во фокусот на специјализираните списанија за архитектура и ентериери.
Неодамна просторот бил реновиран и презентиран во престижното списание Interior. Станот првично бил ставен на продажба по цена од 9,5 милиони долари во текот на 2010 година и продажбата била неуспешна. После тоа, во 2013 година бил продаден по пониска цена, за само 8,9 милиони долари, а минатата година во март, повторно го сменил сопственикот, кој овој пат платил импресивни 13,8 милиони долари. Сега, овој стан е повторно на пазарот, но е достапен само за изнајмување и тоа по висока цена од 32.500 долари месечно.
Овој стан со површина од 600 м2 има подно греење во целиот простор и високи тавани кои се поддржани со столбови од леано железо. Главната спална соба има посебна бања, со гардеробери. Во бањата има импресивен „мурано“ лустер, кој на просторот му дава одредена женственост и гламур. Исто така, тука се наоѓаат и библиотека, трпезарија, игротека, сала за вежбање, медиумска соба и кујна со трпезарија.