Украинското архитектонско студио Rosko Family Design, коешто го чинат брачните партнери Анатолиј и Екатерина Росковшенко, со години се познати и признати во својата земја, но се повеќе и повеќе почнуваат да работат на меѓународни проекти.
Еден таков е и оној што го работеле за млада фамилија во Париз. Проектот наречен Maison Noir, неодамна бил завршен и претставен на јавноста. Желбите на клиентот биле, главно, јасни – со дизајн да се постигне естетика која ги комбинира традиционалниот и современиот дизајн. Архитектите истакнале дека преку овој стан сакале да раскажат приказна за природата, зеленилото, уметноста и семејството.
Конечниот резултат го покажува токму тоа. Боите на мебелот, теписите и ѕидовите се со топли нијанси кои придонесуваат за чувство на топлина, а изобилството на цвеќиња служи за создавање на полесна атмосфера, исто како и многуте прозорци кои носат големо количество на природна светлина.