Њујоршкиот пазар на недвижности е еден од највозбудливите и најскапи во светот. Секој ден во некоја од престижните агенции се појавува некој имот, кој остава без текст, како поради совршената локација и уредувањето, така и поради вртоглавата цена која може да се натпреварува со луксузните домови во елитните делови од Лос Анџелес. Таков имот е еден пентхаус во трендовскиот њујоршки кварт СоХо, кој во моментов се продава за 32 милиони долари.
Ентериерот е дело на студиото Casamanara зад кое стојат Piero и Debla Manara, брат и сестра. Пентхаус има четири спални соби и пет бањи, како и приватно кино. Особено е впечатлива терасата на која се наоѓа летна кујна и дел за дружење и јадење.