Архитектонското и дизајнерско студио SABO Project неодамна го презентира финалниот резултат на проектот на преуредување на стар стан. Се наоѓа во Париз, поточно во 11-тиот арондисман, во рамките на индустриската зграда која датира од 20-тите години на минатиот век. Кога ќе ги погледнете фотографиите на станот, првото нешто што ќе забележите е масивната централна инсталација, односно „остров“ направен од алуминиум.
Главната идејна мисла на архитекти била да се задржи индустрискиот дух на објектот, додека „островот“ требал да служи за да се создаде еден вид поделба помеѓу влезот во станот и дневната соба како и кујната. Исто така, послужил и како дополнителен простор за спалната соба и бањата. Ѕидовите во станот се бетонски, а дизајнот има индустриски и современи елементи, додека во делови како кујната има по некои традиционални моменти, како што се избор на столици и маса. Преовладуваат нијанси на сиво и бело, додека боите се наоѓаат во детали како што се перници, графики и по некои зелени растенија.