Во самиот центар на Брисел во дискретна улица се наоѓа еден навистина необичен хотел, а кога ќе го видите од улица воопшто не би претпоставиле дека станува збор за хотел. Имено, од предната страна има продавница која им нуди на своите посетители голем и разновиден избор на различни видови растенија.
Случајните минувачи би претпоставиле дека тоа е „нормална“ продавница со растенија, но во нејзините рамки има ресторан, бар и хотел. Откако ќе поминете низ продавницата и ресторанот, доаѓате до прекрасна, внатрешна тајна градина во која може да уживаат сите оние кои одлучат да останат во овој шармантен хотел.
Секоја соба која е за изнајмување е украсена со многу растенија, а кои можете да ги купите меѓу другото и во хотелската продавница. Па така постојат спална соба, бања и ходници подеднакво исполнети со растенија кои создаваат впечаток дека сте во урбана зелена оаза. Сите посетители имаат загарантиран одличен одмор во мирна и релаксирачка атмосфера, иако сте во самиот центар. Во ресторанот и во барот има бројни здрави јадења и пијалаци, така што ова е вистинското место за сите љубители на природата.