Сте размислувале ли некогаш за изведба на внатрешниот дизајн од декоративни елементи во темни тонови? Бегањето од светлите, белите и беж тонови со себе носи одредена доза на ризик, но тој ризик може и да се исплати.
Овој модерен дом успешно ги комбинира префинетата едноставност на црната мат и белата боја со природните материјали како што се дрвото и меката темна кожа.
Внимателно одбраниот „vintage“ декор се меша со модерна селекција, па така овој простор може да се пофали со голем број на прекрасни карактеристики. Дизајнерката Annabell Kutucu го создала овој извонредно креативен дом кој се наоѓа во Берлин.
Во голема мера користејќи го скандинавскиот стил, овој простор се ослободува од вишокот на мебел, па така се тука изгледа едноставно и практично. Истовремено просторот е топол и пријатен за престој, додека во него се содржат и елементи кои служат за рекреација на санарите.