Талентираните архитекти од студијата EKAR и Groundplay одлучиле да направат проект во кој тие дизајнирале куќа која ќе биде дом на големо семејство, а сето тоа било иницирано и реализирано со цел куќата да биде еден од факторите во создавањето на силни внатресемејни врски.
Куќата ReGen била создадена како проект за клиент кој сакал неговата ќерка да има дом, која нема да сака да го напушти, освен ако не сака да формира свое семејство. Концептот на оваа куќа е во тоа што секој станар има свој приватен простор, а истовремено куќата претставува еден вид на „посвета“ на куќите кои се изградени на традициите на тајландската култура, бидејќи и клиентот на кого му е изградена Regen куќата е лоциран во Тајланд.
Традицијата во самиот дизајн е ставена на прво место, заедно со функционалноста, но традицијата тука е формирана во согласност со современите трендови кои денес доминираат во светот на дизајнот. Иако секој член на семејството има свој приватен простор во домот, концептот е фокусиран на фактот дека секој агол во внатрешноста на куќата ги насочува станарите на што посилни семејни врски. Како што велат од EKAR: „Ова е куќа во која секоја генерација може да живее заедно“.