Насловна / Вести / Прекината испораката на руски гас за Европа преку Украина

Прекината испораката на руски гас за Европа преку Украина

На првиот ден од Новата година, рускиот енергетски гигант „Газпром“ објави дека е прекината испораката на природен гас за Европа преку Украина. Во официјалното соопштение на компанијата, како причина за ваквиот потег се наведува „постојаното и експлицитно одбивање на украинската страна да ги продолжи договорите, со што Газпром е лишен од техничка и правната можност да испорачува гас преку територијата на Украина почнувајќи од 1. јануари 2025 година“.

Во објавата се додава дека се истечени договорите потпишани на 30 декември 2019 година меѓу Газпром​​​​​​​ и украинската енергетска компанија „Нафтогас“ за транспорт на руски гас преку Украина. Единствените европски држави кои ќе продолжат да добиваат руски гас се Србија, Унгарија и Турција, но преку гасоводот „Туркстрим“ во Црното Море.

Испрати коментар

Scroll To Top